МИКЕЛЕ КВАРАНТА СЕНСЕИ (Michele Quaranta sensei)
Роден: 24.12.1953 година
Со аикидо се занимава континуирано од 1972 година. Носител е на 7. Дан. Дваесет години бил ученик и асистент (уке) на шиханот Масатоми Икеда и го придружувал безмалку на сите семинари.
Во минатото бил професионален фудбалер на ФК Нордстерн (1 лига), одредено време работел како професионален фудбалски тренер, потоа работел како банкарски службеник и на крај се насочува исклучиво кон аикидото. По повлекувањето од активниот аикидо живот на неговиот учител Икеда сенсеи во 2001 година, Кваранта сенсеи продолжува самостојно да подучува и да го пренесува аикидото по методологијата наследена од Икеда сенсеи.
Има основано неколку клубови во Швајцарија. Првиот е во градот Базел (Швајцарија) од 1983 година, а останатите во Неушател, Луцерн и Биел (Швајцарија). Во рамките на овие школи има повеќе инструктори од кои неколкумина посебно работат со мали деца. Во меѓународни рамки посебно се истакнува како Технички директор и член на Техничките комисии на повеќе држави кои ја ценат неговата способност и оддаденост на аикидото. Освен аикидо подучува и Хоџо (HOJO) (дисциплина развиена во познатата школа „Кашима Шинден Џикишинаге Рју“ која датира од 14 век и за која се користи посебен бокен (дрвен меч). Редовно одржува семинари во следните земји: Швајцарија, Словачка, Чешка, Полска, Холандија, Ирска, Бугарија, Србија и Македонија, а повремено на покани и во В. Британија, Русија, Украина, Египет, Италија, Франција и Германија.
контакт: Аикидо клуб Икеда - Скопје | Апостол Гусларот 3, Скопје | тел: 070 764066 | е-пошта: ikedask@gmail.com